Предмет: Техники за недеструктивно тестирање
Код: 3ФЕИТ08032
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Маргарита Гиновска
Цели на предметната програма (компетенции): Цели на предметната програма (компетенции): Студентот стекнува знаења за методите и техниките за недеструктивни тестирања (НДТ), преку изучување на физичките својства и појави кај материјалите и компонентите кои се користат за детектирање на дефекти, корозија, протекувања и други несовршености во перформансите на материјалите, производите или опремата. Студентот се оспособува за користење на специјализирани техники за НДТ во инженерската пракса, медицината и др.
Содржина на предметната програма: Вовед во недеструктивното тестирање (НДТ) – својства и карактеризација на материјалите, модификација на својствата под надворешни влијанија. Класификација на методите и техниките за НДТ. Оптички техники – оптичка микроскопија, интерферометриски методи. Спектроскопски техники – импедансна и UV-vis спектроскопија. Визуелни техники за тестирање. Елипсометрија. Тестирање со пенетрација на бои/течности. Ултразвучни и акустични техники за тестирање. Термографски техники. Радиографски техники – со користење на ЕМ и јонизирачки зрачења. Техники за контрола на квалитет и безбедност на квалитет со примена на НДТ. Примена на техниките за НДТ во инженерството, медицината, форензиката, и др.
Литература:
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | C. Suryanarayana | Experimental Techniques in Materials and Mechanics | Taylor&Francis group | 2011 |
2 | Ravi Prakash, Dean | Nondestructive Testing Techniques | New Age Science | 2009 |