Предмет: Технологии за сончеви ќелии
Код: 3ФЕИТ08034
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Маргарита Гиновска
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршувањето на овој курс студентот се запознава детално со постоечките технологии на сончеви ќелии кои се користат во комерцијална употреба, како и можностите за нивно моделирање и подобрување. Исто така студентот стекнува знаења од областа на напредните технологии на сончеви ќелии и нано технологиите за сончеви ќелии, со перспективи и можности за нивна примена. Студентот се оспособува за примена на сончевите ќелии за добивање фотоволтаичната енергија како обновлив извор на енергија.
Содржина на предметната програма: Вовед во технологиите за сончеви ќелии. Класификација на сончевите ќелии според материјалот, конструкцијата, ефикасноста, начинот на поврзување, големината и формата. Прва генерација сончеви ќелии – конвенционални технологии на силициумски сончеви ќелии. Втора генерација сончеви ќелии – тенкослојни сончеви ќелии со аморфен силициум, CIS/CIGS или CdTe – карактеризација и моделирање. Можности за примена на тенкослојните сончеви ќелии за тераватно производство. Трета генерација на сончеви ќелии: сензитивни сончеви ќелии DSCC; органски фотоволтаици – добивање, карактеристики и моделирање. Нанотехнологии во сончевите ќелии. Развој на следната генерација сончеви ќелии и нивни апликации.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A. Luque and S. Steven | Handbook of Photovoltaic Science and Engineering | John Wiley & Sons, | 2003 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Martin A. Green | Third Generation Photovoltaics: advanced solar energy conversion | Birkhauser | 2006 |
2 |
J. Poortmans and V. Arkhipov | Thin Film Solar Cells – Fabrication, Characterisation and Applications | Wiley& Sons. Ltd, | 2005 |