1. Наслов на наставниот предмет |
Теорија на системи | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ01З023 | |||||||
3. Студиска програма |
КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/3 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Весна Ојлеска Латкоска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на предметот, студентот ќе се стекне со знаења за претставување, моделирање и анализа на однесувањето на системи од различна природа, а не само техничка. Притоа, анализата ќе биде насочена кон разгледување на системот како целина, со цел да се добие сеопфатен (холистички) поглед за неговото однесување. Студентот ќе се стекне со знаења за однесувањето на системот кои се резултат на неговата структура (комплексност), односно со знаења за тоа што се подразбира под поимот систем, неговото однесуање, и неговата структура. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Поим за систем; Декомпозиција на систем на неговите составни делови; Дефиниција на влезни и излезни величини; Значењето на природната повратна врска; Eдноставни системи чие поведение потекнува од нивната структура; Графичко претставување на системите и основни спреги кај системите; Категории на состојби што ги карактеризираат системите; Блок дијаграм и граф на тек на сигнали; Како и зошто системите функционираат софистицирано (поим за отпорност, еластичност, организираност; и хиерархија); Информација, сигнал, управување; Математички модели и графичка презентација на динамичките системи; Изведување модели во просторот на состојби; Еквивалентни системи; Својствената структура на состојбената матрица; Непосакувани поведенија кај системите кои потекнуваат од нивната структура и начини на кои истите можат да се избегнат; Дофатливост, управливост, набљудливост и реконструктивност на системите; Потпорни точки кај системите; Поим за стабилност по Љапунов и директната (втора) метода на Љапунов. |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби, како и практични вежби во лабораторија. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
10 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
10 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
85 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
5 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
5 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
90 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). 1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Дополнително, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Donella H. Meadows | Thinking in Systems: A Primer | Chelsea Green Publishing | 2008 | ||||
2 |
Virginia Anderson, Lauren Johnson | Systems Thinking Basics: From Concepts to Causal Loops | Pegasus Communications | 1997 | ||||
3 |
Norman S. Nise | Control Systems Engineering, 6th Edition | Wiley | 2010 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Linda Booth Sweeney Ed.D., Dennis Meadows | The Systems Thinking Playbook: Exercises to Stretch and Build Learning and Systems Thinking Capabilities | Chelsea Green Publishing | 2010 | ||||
2 |
Peter M. Senge | The Fifth Discipline: The Art & Practice of The Learning Organization | Doubleday | 2006 |