Управување на електромоторни погони

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Управување на електромоторни погони

2.    Код

3ФЕИТ02Л023

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Михаил Дигаловски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со отворените и затворените системи на управување кај електромоторните погони и нивна електрична заштита. Проучување, одржување и проектирање на отворени системи за управување и заштита (со примена на релејно – контакторски елементи и програмски логички управувачи) и затворени системи за управување и заштита на електромоторни погони со примена на  знаењата од автоматското управување и енергетската електроника

11.    Содржина на програмата: Вовед. Релејно-контакторско управување и заштита на електромоторните погони. Програмско логичко управување на електромоторните погони.  Регулациони техники за електромоторни погони. Регулирани еднонасочни електромоторни погони (DC-DC и AC-DC). Регулирани наизменични електромоторни погони (со промена на напонот, со промена на фреквенцијата и напонот, скаларно управување, векторско управување, PWM управување, каскадни системи, регулација на возбудата). Влијание на регулираните електромоторни погони врз изворот на напојување (загуби, хармоници, електромагнетска интерференција, регулативи и стандарди).

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

5

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

100

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.1 и 15.2

20.    Начин на полагање на испитот

Предметот се положува преку два парцијални испити во текот на семестарот или преку завршен испит. Прашањата го опфаќаат теоретскиот дел и задачите од аудиториски вежби. Испитот се положува со минимум 51 отсто од вкупниот број на поени. Исто така во текот на семестарот студентите прават тестови, изработуваат семинарски и континуирано се следи нивната активност

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Јакимов Т. Компоненти и системи за автоматско управување на електромоторни погони

2

Мирчевски С. Андонов З. Збирка решени задачи по управување на електромоторни погони.

3

Мирчевски С Предавања по предметот управување на електромоторни погони.

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gerhard Pfaff Regelung elektrischer antriebe II

2

А.Е. Фицџералд, Чарлс Кингсли Помладиот, Стефан Д. Уманс Електрични машини. (шесто издание) McGraw-Hill Science/Engineering/Math