Управувачки системи во ЕЕ

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Управувачки системи во ЕЕ

Код: 3ФЕИТ04024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс, студентот ги совледува методите и техники за разбирање, анализа и примена на современи системи за управување и следење во електроенергетски објекти и општо ЕЕС. Студентот се оспособува за решавање на низа инженерски задачи и донесување одлуки од аспект на воведување нови методи и начини на управување на техничките системи во ЕЕС.

Содржина на предметната програма: Математичко моделирање и компјутерска симулација на процесите во ЕЦ и РП. Tехнички системи на управување во ЕЦ, РП и општо ЕЕС. Општо за експериментална идентификација на управуваниот објект во технолошки процеси. Енергетската опрема и информатичко-комуникациската технологија. Примена на стандарди IEC, EN и IEEE за управување во ЕЕС. Типови и начини на управување со поедини компоненти на електричните централи. Анализа Трошоци – Ефекти (Cost-Benefit Analysis) за усвојување на тип на управувачки систем. Локација на контролна точка. Локална автоматика. Далечинско управување. Сигнализација и врски на управуваните агрегати и високонапонска опрема со управувачките центри. Конкретни апликации на системите за управување кај различни типови енергетски постројки (термо, хидро, обновливи извори). Симулација и анализа на некои карактеристични управувачки контури: регулација на проток, температура, притисок, број на вртежи, напон, возбудна струја, активна и реактивна моќност. Примена на хардвер и софтвер за погонска анализа на агрегатите. Динамички карактеристики на агрегатите. Експериментална верификација на погонските перфоманси на агрегатите и припадната опрема. Рехабилитација и воведување на современи управувачки системи. Работа на компонентите на ЕЕС во нова технолошка и пазарна околина.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

К.П.Бранд Прирачник за автоматизација на трафостаници УАЦ Лохман 2003

2

М. Чаловиќ Регулација на електроенергетските системи Електротехнички факултет Белград, Србија 1997

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Студиски комитет Технички извештаи и брошури CIGRE 2016

2

В. Фуштиќ Реални проекти на управувачки системи – Случаи за анализа ИЕЦРП, ФЕИТ 2015