Векторско управување на МНС

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Векторско управување на МНС

Код: 3ФЕИТ02001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се запознае со принципите на векторското управување на моторите на наизменична струја и ќе се оспособи за самостојно дизајнирање на системи за векторско управување.

Содржина на предметната програма: Динамичко моделирање на асинхрон мотор (синхрон мотор) во произволно избран координатен систем. Можности за аквизиција на роторскиот флукс со помош на модели. Поим за просторен вектор на напоните, струите и флуксевите во машината. Дискретен математички модел на напонски инвертор со варијабилна структура. Симулација на современи типови на широчинско импулсна модулација. Поим за просторно векторска модулација на напоните. Анализа и синтеза на системи за директна и индиректна векторска регулација. Векторска регулација со ориентација на полето. Директно управување на моментот и векторот на статорскиот флукс. Предиктивна Векторска регулација ориентирана на дискретниот модел на инверторот -моделирање и симулација. Векторска регулација на брзината и положбата без употреба на сензори. Примена на регулатори базирани на Фази логика. Примена и предности на овие системи за управување.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

LMD Murphy, FG Turnbull, Power Electronic Control of AC Motor Pergamon Press, 98

2

Горан Рафајловски Електрични мотори-динамика и управување Универзитет „св.Kирил и Методиј„  Скопје 2012

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Rik de Doncker, Duco W.J, Advanced Electrical Drives (Analysis Modelling Control) Springer Verlag 2011 2011

2

Gerhard Pfaff Regelung elektrischer Antriebe R.Oldenbourg Verlag München, 1998