Веројатност и статистика

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Веројатност и статистика
2. Код 4ФЕИТ08001
3. Студиска програма 13-ПМА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Оспособување за писмено комуницирање, разрешување на проблеми, способност за анализа и синтеза, решавање проблеми, критички способност и способност за учење од областа на веројатност и статистика.

11. Содржина на програмата:

Веројатност. Случајни настани. Условна веројатност. Независност на настани. Баесова теорема. Случајни променливи. Бројни карактеристики на случајни променливи. Случајни вектори. Заеднички функции на распределба. Коваријанса и корелација. Функции од случајни променливи. Генерирачки функции. Гранични теореми.  Основни поими од случајни процеси. Карактеризација и класификација на случајните процеси. Вовед во статистика. Случаен примерок. Дескриптивни статистики. Графичко претставување на податоци. Теорија на оценување. Методи на точкасто оценување: метод на моменти, метод на максимална подобност, Баесово оценување. Интервали на доверба. Теорија на одлучување. Тестирање на хипотези. Користење на софтвер за статистичка обработка на податоци.

12. Методи на учење:

Набљудување и експеримент, споредување, анализа и синтеза, воопштување, систематизација и апстракција.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 +  3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови  0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна)  20 бодови
17.3. Активност и учење 1 0 бодови
17.4. Завршен испит 70 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот Усен и писмен
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Ј. P. Marques de Sa Applied statistics  using SPSS, STATISTICA,  MATLAB and R Springer 2007
2. Анета Бучковска, Катерина Хаџи Велкова Санева, Сања Атанасова Вовед во веројатност за инженери ФЕИТ 2017
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  G.Jay Kerns  Introduction to Probability and Statistics Using R   Cran.r-project.org  ISBN: 978-0-557-24979-4  2011
2.  Venkatarama Krishnan  Probability and Random Processes  Wiley  2006