Високонапонски мрежи и системи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Високонапонски мрежи и системи
2. Код 4ФЕИТ09З002
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Мирко Тодоровски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника, Основи на електрични кола
Ислушани: Електрични мрежи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со моделите на долги водови третирани како кола со распределени параметри. Оспособеност за пресметка на струи на куси врски со примена на методот на симетрични компоненти. Оспособеност за решавање проблеми од областа на статичка и динамичка стабилност со примена на методот на еднакви површини, како и со нумеричко решавање на диференцијални равенки.
11. Содржина на програмата: Вовед. Област на изучување. Основни поими. Пре­нос на електрична енергија со долги трифазни водови. Регулација на напони и реактивни моќности во ЕЕС: регулациони трансфор­матори, инјекција и прераспределба на реактивната моќност, U-Q карактеристика на потрошувачки јaзел. Куси врски во ЕЕС. Општо за кусите врски – видови, причини и последици. Облик на струјата на куса врска, дозволени упросту­вања. Симетрични компоненти, замен­ски шеми, општи релации. Матрични методи за анализа. Средства и мерки за ограничување на струите на куса врска. Ста­билност на работата на ЕЕС – статичка и динамичка. Општо за електро­механичките преодните процеси, поими и дефиниции. Равенка на движење. Моделирање. Аглови карактеристики на моќ­ност. Статичка стабилност, метод на мали осцилации. Динамичка стабилност. Критериум на еднакви површини. Повеќемашински систем. Мерки за подобрување на стабилноста на ЕЕС.
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти.
За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Р. Ачковски Високонапонски мрежи и системи ЕТФ-Скопје 1995
2 Р. Ачковски Преносни и дистрибутивни системи ЕТФ-Скопје 1995
3 Р. Ачковски Збирка задачи од областа на високонапонските мрежи и системи ФЕИТ – Скопје 2007
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Д. Рајичиќ, Р. Талески Анализа на ЕЕС ЕТФ, Скопје 1996
2 Р. Ачковски, М. Тодо­ровски Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи ФЕИТ – Скопје 2007