Високонапонски преносни системи на еднонасочна струја

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Високонапонски преносни системи на еднонасочна струја
2. Код 4ФЕИТ09002
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Мирко Тодоровски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Разбирање на предностите на преносните системи на еднонасочна струја и во кои случаи е потребна нивната примена. Запознавање со основните технологии потребни за изведба на преносни системи на еднонасочна струја. Решавање на текови на моќност и куси врски во преносни системи на еднонасочна струја. Стекнување на познавање за меќусебните влијанија на паралени HVAC и HVDC системи во услови на преодни процеси.

11. Содржина на програмата:

Развој на преносните мрежи на еднонасочна струја. Предности на преносните системи на еднонасочна струја во однос на преносните системи на наизменична струја. Монополарни и биполарни преносни системи на еднонасочна струја. Споредба на CSC и VSC преобразувачи. Модуларни VSC преобразувачи. Токови на моќност во преносни мрежи на еднонасочна струја. Анализа на куси врски.  Анализа на пренапони. Преносни системи на еднонасочна струја со повеќе преобразувачки станици. Паралелни HVAC и HVDC преносни системи.

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 60 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20. Начин на полагање на испитот

Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. S. Kamakshaiah, V. Kamaraju HVDC Transmission Tata McGraw Hill Education Private Limited 2011
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  D. Jovic  High Voltage Direct Current Transmission  John Wiley & Sons ISBN: 978-1-119-56654-0  2019