Законска и индустриска метрологија

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Законска и индустриска метрологија

Код: 3ФЕИТ03001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р р Марија Чундева-Блајер

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнати знаења за развој и примена на регулатива во областа на метрологијата на национално и меѓународно ниво, и примена и развој на метролошките постапки во индустриски апликации.

Содржина на предметната програма: Место, улога и области на примена на законската метрологија. Терминологија на законска метрологија. Меѓународна метрологија, организација, меѓународни системи на единици и еталони. Обезбедување единство на мерењата и споредливост на мерните резултати. Регулатива во метролошка контрола. Регулатива за мерните инструменти. Мерни стандарди, калибрација и верификација на уреди. Акредитација на метролошките лаборатории/телата за оцена на сообразност. Место, улога и развој на индустриска метрологија. Метролошка и инфраструктура на квалитет. Национален метролошки систем, примарни лаборатории, секундарни лаборатории, калибрациски и тест лаборатории. Прецизни мерења на електрични и неелектрични големини во индустриски апликации. Дисеминација на вредностите единиците мерки на физичките големини. Интелигентна индустриска метрологија. Управување со квалитет во мерењата и калибрациите. Интеркомпарации и испитување на мерната способност. Софтверска поддршка за индустриска метрологија.

Литература:

Задолжителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 D. Placko (ed.) Metrology in Industry: the key for quality, ISTE 2006
2 Fluke Corporation Calibration: Philosophy in “Practice” Fluke Corporation 1994
3 R. Malarić Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA 2011
Дополнителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 OIML OIML документи и публикации http://www.oiml.org/publications OIML  
2 ISO ISO документи и публикации http://www.iso.org/ ISO  
3 IEC IEC документи и публикации http://www.iec.org/ IEC