Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки

2.    Код

3ФЕИТ04Л006

3.    Студиска програма

ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Атанас Илиев

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења за можните опасности од високи напони и струи и обезбедување на услови за електробезбедност во електроенергетските објекти. Споособност за пресметка и димензионирање на сложени заземјувачки системи и проценка на ризикот од несреќи во електроенергeтските постројки.

11.    Содржина на програмата: Опасности од електрична струја и прописи за дозволени напони на допир и чекор.  Директен и индеректен допир – човековото тело како дел од струен круг, праг на вентрикуларна фибрилација. Методи за пресметка на параметри на единечни и сложени заземјувачи во еднослојна и двослојна средина. Изнесување на потенцијали од електроенергетските постројки.  Изведба на заземјување на разводни постројки.  Зони на ризик и модели за пресметка на ризик од несреќи во разводни постројки. Методи за мерење и определување на специфичниот отпор на земјата.Третман на неутралната точка во разводните постројки. Енергетски инсталации и заштитни мерки во индустриски разводни постројки во околина на експлозивни смеси и гасови. Заштита од атмосферски празнења во ЕЕП. Мерки за заштита од опасен напон на допир и чекор во електроенергетските  постројки. Технички и организациони мерки за електробезбедност во ЕЕП. Матрица на ризик од несреќи

12.    Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на разводни постројки, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и изработка на домашните и проектни задачи

20.  Начин на полагање на испитот

Преку два парцијални писмени испити (секој со времетраење од 2 часа) или преку завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (со времетраење од 2 часа). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или било кој друг електронски уред.

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.   Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ј. Nahman Odbrana poglavja iz Visokonaponska postrojenja Akademska misao – Beograd 2002

2

Jinliang He, Rong Zeng, Bo Zhang Methodology and Technology for Power System Grounding John Wiley & Sons Singapore Pte. Ltd 2013

3

А. Илиев Заземјување и заштитни мерки – скрипта ФЕИТ – Скопје 2015

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

H. Pozar Visokonaponska rasklopna postrojenja Tehnicka knjiga Zagreb 1995

2

Мито Златаноски Заземјување и ризик од несреќи во разводни постројки – скрипта ФЕИТ – Скопје 2010