1. Наслов на наставниот предмет | Заземјување, професионален ризик и безбедност во електроенергетски постројки | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04З006 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Атанас Илиев | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника, Основи на електрични кола | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување знаења за можните опасности од високи напони и струи и обезбедување на услови за електробезбедност во електроенергетските објекти. Споособност за пресметка и димензионирање на сложени заземјувачки системи и проценка на ризикот од несреќи во електроенергeтските постројки. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Опасности од електрична струја и прописи за дозволени напони на допир и чекор. Директен и индеректен допир – човековото тело како дел од струен круг, праг на вентрикуларна фибрилација. Методи за пресметка на параметри на единечни и сложени заземјувачи во еднослојна и двослојна средина. Изнесување на потенцијали од електроенергетските постројки. Изведба на заземјување на разводни постројки. Зони на ризик и модели за пресметка на ризик од несреќи во разводни постројки. Методи за мерење и определување на специфичниот отпор на тлото.Третман на неутралната точка во разводните постројки. Енергетски инсталации и заштитни мерки во индустриски разводни постројки во околина на експлозивни смеси и гасови. Заштита од атмосферски празнења во ЕЕП. Мерки за заштита од опасен напон на допир и чекор во електроенергетските постројки. Технички и организациони мерки за електробезбедност во ЕЕП. Матрица на ризик од несреќи | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на разводни постројки, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 85 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и изработка на домашните и проектни задачи | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Преку два парцијални писмени испити (секој со времетраење од 2 часа) или преку завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (со времетраење од 2 часа). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или било кој друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Атанас Илиев | Заземјување, професионален ризик и безбедност во ЕЕП – скрипта | ФЕИТ – Скопје | 2020 | ||||
2 | Jinliang He, Rong Zeng, Bo Zhang | Methodology and Technology for Power System Grounding | John Wiley & Sons Singapore Pte. Ltd | 2013 | ||||
3 | Ј. Nahman | Odbrana poglavja iz Visokonaponska postrojenja | Akademska misao – Beograd | 2002 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Група автори | Технички препораки | Електростопанство на Македонија | 2004 | ||||
2 | Мито Златаноски | Заземјување и ризик од несреќи во разводни постројки – скрипта | ФЕИТ – Скопје | 2010 | ||||
3 | G. Vijayaraghavan, Mark Brown, Malcolm Barnes | Practical Grounding, Bonding, Shielding and Surge Protection | Elsevier | 2004 |