Пријавување и запишување – II циклус

   1. Пријавување на кандидатите

Пријавувањето на кандидатите за упис на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2026/2027 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања од 12.30 до 14.30 часот во период од 1.10 до 16.10.2026 година.

Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот (системот е веќе отворен) .

Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот, а и од секоја друга книжарница),
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки),
  • Куса биографија (CV),
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.),
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија),
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има),
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има),
  • Документи за евентуални награди и признанија (доколку има),
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава)

      2. Запишување на примените кандидати

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2026/2027 година ќе се врши од 21.10 и 22.10.2026 година од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Eлектронски образец за статистика ВОИ.80А. – поставен на платформата Uslugi.gov.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска наместо во хартиена форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.80 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави во одделението за студентски прашања.
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на зимски сместар 2026/2027

  • Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2024/25.

  Депонент: НБРМ

  Трезорска сметка: 100000000063095

  Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

  Повикување на број: 723019, програма 41