Дигитално процесирање на сигнали

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Дигитално процесирање на сигнали

2.    Код

3ФЕИТ05З012

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Димитар Ташковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Сигнали и системи

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да обезбеди формално разбирање на основните концепти за дигиталното процесирање на сигнали како и практично искуство за процесирање на дигитални сигнали. По завршување на курсот студентот е оспособен: – дигитално да процесира дискретни и аналогни сигнали земајки ги во предвид сите можни последици  од нивното дискретизирање; – да користи DFT и нејзиниот брз алгоритам FFT во домен на спектралната анализа свесен  за сите последици и пратечки појави; – да дизајнира IIR и FIR дигитални филтри  како и да користи софтверски алатки и пакети за дизајнирање или симулирање на дигитални филтри.

11.    Содржина на програмата: Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT), алгоритми за пресметување на FFT. Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри. Реализација на дигитални филтри. Филтерски структури и осетливост. Реализација на дигитални филтри. Квантизација, ефекти од квантизација

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, лабораториски вежби и домашни работи. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од парцијалните испити.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови, лабораториски вежби и домашни) и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од испитот.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Богданов и С. Богданова Дигитално процесирање на сигнали ЕТФ, Скопје 1998

2

A. Oppenheim, R. Schafer, J. Buck Discret- Time Signal Processing, 2 edition Prentice Hall 1999

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mitra Sanjit K. Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 еdition McGraw Hill 2001