Електронска инструментација

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Електронска инструментација

2.    Код

3ФЕИТ05Л021

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јосиф Ќосев, Д-р Живко Коколански

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со методите и електронските инструменти за мерење на параметрите не електронските кола и системи.  Запознавање со програмабилна и виртуелна инструментација. Оспособување на кандидатот да изведе мерење и регистрирање на величините кај  електронските уреди.

11.    Содржина на програмата: Вовед во електронската инструментација. Архитектура на програмабилна и виртуелна инструментација. Развој и програмирање на виртуелна инструментација во LabVIEW. Пасивни компоненти и прибори во мерените кола. Карактеристики на мерните сигнали и системи. Примена на микрокомпјутерите во електронските инструменти. Мерни извори. Осцилоскоп. Електронски волтметри, фреквенцметри, ватметри. Генератори на сигнали.. Спектрални анализатори, логички анализатори. Мерење на параметрите на случаен сигнал.

12.    Методи на учење: Предавања, лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 0 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и лабораториските вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.  Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Камиловски Електронски мерења УКИМ 2000

2

G. Johnson R.Jennings Labview Programming, Data Acqusition and Analysis McGraw Hill 2006

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М.Камиловски Електронски мерења, збирка задачи УКИМ 2000