Работилницата “Python 101: Основи на работа со звук во Python” беше организирана во петок, 8. 11. 2024 во ФЕИТ ФабЛаб во рамки на активностите по предметот Електроакустика на програмата КХИЕ. Студентите присутни на работилницата имаа можност да се запознаат со програмскиот јазик Python и основите на процесирање на звучните сигнали со него. Дополнително, беа претставени можностите...