На сите студенти запишани на Факултетот за електротехника и информациски технологии во прва година во учебната 2025/2026 година им се дава стипендија во висина од надоместок на партиципацијата во износ од 200 евра, во денарска противвредност, кои како ученици:
- во текот на своето средно образование освоиле прво место/награда на акредитирани државни натпревари по некои од следниве предмети: математика, физика, информатика, електротехника, автоматика или од други области што се негуваат на Факултетот;
- во текот на своето средно образование освоиле прва, втора или трета награда на меѓународни олимпијади на знаења, балкански или светски првенства по некои од следниве предмети: математика, физика или информатика.
Кандидатите се должни при уписот да го приложат оригиналниот документ за освоеното место на соодветниот натпревар.
Селекцијата на кандидати за стипендија ја прави Конкурсната комисија при ФЕИТ.
Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на ФЕИТ, на денот на објавување на конечната ранг листа односно на 29.8.2025 година.