Успешно реализирана 14. Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој, СКЕЕОР 2026

Објавено: ноември 19, 2026

Од 28 до 31 октомври 2026 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, успешно се одржа 14. Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој, СКЕЕОР 2026. Во текот на четирите конференциски дена, СКЕЕОР повторно ги обедини студентите, универзитетските професори, истражувачите, претставниците на институциите, индустријата...

Информација за студентски адреси – втор циклус – втор рок

Објавено: ноември 18, 2026

Почитувани, Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење: http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата: https://smail.feit.ukim.edu.mk/ Електронските адреси се во форма <studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта со m на...

ХАКАТОН организиран од страна на Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено: ноември 17, 2026

Во рамки на одбележуваьето на 80 години централнобанкарски активности, Народната банка на Република Северна Македониа во текот на месец декември 2026 година ќе организира дводневен Хакатон наменет за студентите од областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Целта на Хакатонот е да се изработи мобилна апликација, при што ќе се поттикне креативноста, иновативноста и практичната...

РАНГ ЛИСТА на прифатени пријавени на студенти чие родителско право го врши само еден родител за учебната 2026/2027 година

Последна измена: ноември 17, 2026

Рангирани прифатени кандидати по интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година р.бр. Индекс СП Година партиц./ школар. Вкупно поени 1 100/2026 ЕЕПМ 1 парт. 92.992 2 213/2026 КТИ 1 парт....

Наслов: Одржана работилница на тема: „Оптимизација: Од проблем до решение со DESMOS”, во ФАБЛАБ во соработка со институтот за Математика и физика при ФЕИТ

Објавено: ноември 13, 2026

Институтот за математика и физика (ИМФ) при ФЕИТ, во соработка со СЕТУГС „Михајло Пупин“, меѓународното училиште „НОВА“ и СУГС гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ на 6.11.2026 година организираше  работилница во лабораторијата за производство – ФЕИТ ФАБЛАБ, на тема: „Оптимизација: Од проблем до решение со DESMOS”. Работилницата беше реализирана од проф. д-р Сања Атанасова и Ана Плетварец, асистент...

ФЕИТ на Денот на младите истражувачи на УКИМ

Објавено: ноември 11, 2026

Во рамките на „Месецот на науката на УКИМ 2026“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира три значајни настани посветени на младите истражувачи, научните достигнувања, иновациите и унапредувањето на поврзаноста на науката со општеството. На Денот на науката, 10 ноември 2026 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа...

СООПШТЕНИЕ – Задолжителен систематски преглед за студентите од прва година

Објавено: ноември 6, 2026

Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2026/2026 (бруцоши) дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период од 15.11.2026 до 15.02.2025 година секој работен ден од  7:30 до 12:00 часот. Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот...