1. Наслов на наставниот предмет |
Комуникациски мрежи |
2. Код |
4ФЕИТ10Л012 |
3. Студиска програма |
ТКИИ,КТИ |
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. Степен |
Прв циклус студии |
6. Академска година / семестар |
II/4, III/6 |
7. Број на ЕКТС |
6 |
8. Наставник |
Д-р Владимир Атанасовски |
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положен: Математика 2 |
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање на концептот на телекомуникациско омрежување и на различните типови на телекомуникациски мрежи. Запознавање со основните мрежни протоколи во модерните телекомуникациски мрежи. Анализа на конкретни мрежни сценарија и нивна оптимизација. Анализа на перформанси. Дизајнирање и моделирање на телекомуникациски мрежи. Визија за иден развој. |
11. Содржина на програмата: Вовед. Елементи на телекомуникациски мрежи. Класификација и услуги. Мрежни концепти. Слоева архитектура. Комутирачки архитектури. Пристапни мрежи и техники. Peer-to-peer протоколи. Функции на податочно ниво. Типови на повеќекратен пристап (статички техники, техники со случаен пристап, техники со контролиран пристап итн). Податочни мрежи (LAN, WAN итн.). Широкопојасни мрежи. Интернет. Меѓумрежно поврзување (internetworking). Пресметки во облак (анг. cloud computing). Софтверски дефинирани мрежи (анг. Software Defined Networks – SDN). Виртуелизација на мрежни функции (анг. Network Function Virtualization – NFV). Анализа на перформанси на телекомуникациски мрежи. Загуби и доцнења. Основни модели на редови на чекање. Теорема на Литл. Безжични и мобилни системи. Насоки на иден развој, NGN. |
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи |
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
14. Распределба на расположивото време |
180 |
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
16.2. Самостојни задачи |
30 |
16.3. Домашно учење |
45 |
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
17.3. Активност и учење |
10 |
17.4. Завршен испит |
50 |
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
од 51до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
од 61до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
од 81до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
од 91до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби |
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални испити во текот на семестарот (на половина и на крај од семестарот) во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, дозволен е само калкулатор |
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
23. Литература |
23.1. Задолжителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
А. Л.-Гарсија, И. Виџаја |
Комуникациски мрежи |
McGraw-Hill Education |
2003 |
2 |
Н. Мир |
Компјутерски и комуникациски мрежи |
Prentice Hall |
2015 |
3 |
G. Giambene |
Редови на чекање и телекомуникации: мрежи и апликации |
Springer |
2021 |