1. Наслов на наставниот предмет | Електрични централи и разводни постројки | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04Л004 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС,ЕАОИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Невенка Китева Роглева, Д-р Димитар Димитров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Физика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување основни знаења за процесите и начините за производство на електрична енергија од класичните извори на електрична енергија: термоелектрични и хидроелектрични централи. Стекнување основни знаење за улогата, значењето и составните елементи на разводните постројки, како и запознавање со димензионирање на елементите од разводните постројки. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Примарни и трансформирани облици на енергија. Термоелектрични централи. Основна технолошка шема и главни елементи на термоцентралите. Коефициенти на корисно дејство кај термоцентралите. Методи за подобрување на термичкиот коефициент на полезно дејство. Типови на хидроцентрали и нивни главни составни компоненти. Енергетски процеси во хидроцентрали. Типови и избор на хидраулична турбина. Типови разводни постројки. Елементи во разводните постројки. Пресметка на меродавни струи за димензионирање на опремата во разводните постројки. Загревање на проводниците во нормален режим на работа. Сили и напрегања во разводни постројки. Механичко и термичко димензинирање на собирниците. Шеми, полиња и ќелии во разводните постројки. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери и посета на електричните централи и разводни постројки во Р. Македонија, самостојна изработка на домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 15 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 10 | |||||||
16.3. Домашно учење | 80 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 5 | |||||||
17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
17.4. Завршен испит | 90 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно следење на наставата | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити ( во времетраење од 120 минути). Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити/писмениот испит може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните/писмени испити, активности и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евелуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Арсен Арсенов | Производство на електрична енергија | ЕТФ – Скопје | 1996 | ||||
2 | Арсен Арсенов | Термички и динамички напрегања во електричните постројки | УКИМ -ЕТФ – Скопје | 2005 | ||||
3 | А. Илиев | Производни и разводни постројки – Збирка решени задачи | ЕТФ – Скопје | 1996 |