1. Наслов на наставниот предмет | Мали хидроелектрични централи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04З010 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Антон Чаушевски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Здобивање на стручно знаење за проектирање и за градба на објектите на малите хидроелектрични централи, избор на електротехничката опрема и поврзување на ЕЕС. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Мали хидроцентрали (МХЕЦ), класификација, значење. Мали ХЕЦ на речен водотек. Мали ХЕЦ на брзи планински водотеци. Зафати и хидротехнички дел на МХЕЦ. Машински згради. Типови погонски турбински кола за МХЕЦ. Типови генератори за МХЕЦ. Електротехничка опрема. Заземјување и громобранска заштита. Управување и мониторинг на МХЕЦ. Рехабилитација на МХЕЦ. Економска евалуација, инвестиции при градба и бенефити од оперативна работа. Проект на електротехнички дел на МХЕЦ. Социјални и еколошки аспекти од мали ХЕЦ. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, креирање техничка документација за реални проекти на малите хидроцентрали, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на проектни задачи за избор на опрема во малите хидроцентралите. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 0 | |||||||
16.3. Домашно учење | 105 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 100 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Посетеност на предавањата и вежбите. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде до крајот на семестарот во кој се слуша предметот. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит и изработената семинарска работа. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Helena Ramos, A. Betâmio de Almeida, M. Manuela Portela, H. Pires de Almeida | Guideline for Design of Small Hydropower Plants | WREAN & DED Belfast | 2000 | ||||
2 | Celso Penche | Layman’s handbook on how to develop a small hydro site, | U.politécnica de Madrid. | 1998 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | John Twidell, Tony Weir | Renewable Energy Resources , Second Edition, | Taylor & Francis | 2004 |