Комуникациски технологии

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Комуникациски технологии
2. Код 4ФЕИТ10З013
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Перо Латкоски
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Математика 1
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентоит ќе се стекне со знаење за структурата на телекомуникациски систем, со поимот за информација, со добивањето и обработката на основните типови на податоци, со основите на дигиталната модулација и демодулација. Запознавање со организација на протоколниот стек, основните медиуми за пренос на информации, основните протоколи во интернет, основните интернет сервиси и основите на безбедност во интернетот. Запознавање со типовите на телекомуникациски мрежи и распознавање на нивните основни технички карактеристики.
11. Содржина на програмата: Вовед и основни поими. Елементи на комуникациски систем. Поим за информација. Аналоген и дигитален пренос на информации. Земање на примероци, квантизација и кодирање. Медиуми за пренос: бакарни кабли, оптички влакна, слободен простор како медиум за пренос. OSI i TCP/IP слоевити модели. Интернет протокол (IP). Адресирање и рутирање. Основни протоколи во Интернет (DNS, DHCP, TCP, UDP). Интернет сервиси (e-mail, FTP, telnet, chat, итн). Web технологија (HTTP, HTML). Сигурност при Интернет комуникација. Податочни мрежи (LAN, WLAN, WAN итн.). Основни карактеристики на телекомуникациски мрежи: пристапни (ADSL, DoCSiS, FTTx), дифузни (DVB, DAB), мобилни (2G, 3G и 4G), кратко дометни (WSN, Bluetooth, RFID, NFC). Идни правци во информациско-комуникациските технологии.
12.Методи на учење Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 20
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 70
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 15
17.3. Активност и учење 5
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 J. G. Proakis, M. Salehi Communications systems engineering Prentice Hall 2002
2 William Stallings DATA AND COMPUTER COMMUNICATIONS Pearson Education 2007
3 Tatjana Ulcar-Stavrova Teorija na informacii ETF 1999