ИНОФЕИТ ДИХ објавува отворен повик за заеднички развој на прототипови во домен на Интернет-на-нешта (IoT) со заинтересирани компании. Фокусот е на подигнување на степенот на соработка помеѓу ДИХ – от и компаниите, а во насока на развој на нови и иновативни решенија кои можат подоцна да се комерцијализираат. ИНОФЕИТ ДИХ е ко-финансиран од страна на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и во моментов го привршува опремувањето на првата IoT лабораторија кај нас. Со повикот за селекција на прототипови, лабораторијата се отвора кон индустријата и се стреми да биде место за развој на иновативни производи од страна на домашните компании. Експертите на ИНОФЕИТ ќе го понудат своето техничко знаење, ИНОФЕИТ ДИХ ќе обезбеди услови за брзо прототипизирање, тестирање и оптимизација, а заинтересираните компании треба да додадат вредност преку понуда на идеи кои се релевантни и барани на пазар и кои може да адресираат најразлични вертикали. Целта е да се добијат комплетни и одржливи од-крај-до-крај IoT-базирани решенија кои придонесуваат кон процесот на општествената дигитална трансформација. Детали за повикот има во флаерот подолу, но повеќе информации може да се добијат и на e-mail адресата innofeit@feit.ukim.edu.mk.