Квалитет на електричната енергија во ЕЕС

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Квалитет на електричната енергија во ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ09006
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Јовица Вулетиќ
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање на кандидатите со основните концепти, принципи и теории за оценка на квалитетот на електричната енергија, мерките и техниките за подобрување на квалитетот и нивно совладување. Проучување на причините и последиците од разните видови пречки: варијација на фреквенцијата, хармоници, спори и брзи варијации на напонот, фликери и др. Мерки за ублажување на проблемите и оспособување за дизајнирање на електричните мрежи заради подобрување на квалитетот на испорачаната електрична енергија. Користење на комерцијални софтвери за анализа на разни аспекти од оваа проблематика.

11. Содржина на програмата:

Вовед во проблематиката на квалитет на снабдувањето со ЕЕ. Основни термини и дефиниции, важност и соодветност на проблематиката, тип на изучувања. Напонски варијации во нормален режим на работа на системот – наднапони и поднапони и напонски фликер. Дефинициии, извори и последици. Напонски јами. Дефиниции карактеристики и видови на напонски јами, ширење на напонските јами и нивно претставување, последици од напонските јами, симулација на напонска јама, преглед на процедурата за проценка на перфор­мансите на напонската јама, ефекти од трансформирањето и приклу­чување на потрошувачи врз ширењето на напонската јама и карактеристики. Испитување и споредување на напонските јами. Осетливост на опремата на напонски варијации. Очекувани финансиски загуби од напонските јами. Хармоници. Дефиниции, извори и последици, Фуриеова анализа, хармониска резонанса, дизајнирање на филтри за хармоници. Транзиенти предизвикани од атмосферски празнења и од разни комутации во мрежата. Карактеристики, последици од нивното појавување, ублажување на последиците.Несиметрија на напоните. Извори на несиметрија. Последици од несиметријата на напоните. Методи за анализа на несиметричните режими. несиметрија поради работа на мрежата во неполнофазен режим. Мерки за разрешување на проблемите. Препорачани мерки кои што се користат за решавање на проблемот со квалитетот, типови и основни карактеристики на уредите за разрешување на проблемите. Преглед на интернационалните норми и  стандарди.

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 20 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и вежбите
20. Начин на полагање на испитот Испитот се полага преку изработка на семинарски задачи специфични за областа.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Ристо Ачковски Квалитет на електрична енергија ФЕИТ 2013
2. R.C. Dugan, M.F. McGranahan, S. Santoso, H.W. Beaty Electrical Power Systems Quality McGraw – Hill 2004
3. E.F. Fuchs,M.A.S. Masoum Power Quality in Power Systems and Electrical Machines Elsevier 2008
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  A.M. Muñoz  Power Quality – Mitigation Technologies in a Distributed Environment  Springer  2007
2.  A. Baggini  Handbook of Power Quality  John Wiley & Sons  2008