Наменски процесори

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Наменски процесори
2. Код 4ФЕИТ12006
3. Студиска програма 7-НКС, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Татјана Николиќ
9. Предуслов за запишување на предметот
10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со различни видови на процесори за специфична намена. Вовед во проектирање на наменски процесори: области и примери на примена. Познавање и користење на методи и техники за развој на процесори со специфична намена.

11. Содржина на програмата:

Запознавање со различни видови наменски процесори. Подрачја каде се потребни процесори со специфична намена: мултимедија, обработка на слика, дигитална обработка на сигнали, мрежно процесирање, жичани и безжични мрежи, безбедност и заштита на системи, криптографија, обработка со мала потрошувачка на енергија, паметни уреди, паметен дом итн. Заеднички карактеристики на наменски процесори и предизвици при нивно проектирање. Концепти и техники за проектирање на наменски процесори. Традиционален тек на проектирање, проектирање засновано на платформа. Мапирање за апликација: дефинирање на проблем, планирање на систем за работа во реално време, поделба на хардвер и софтвер, мапирање на хетерогени мулти-процесори. Практични аспекти на хардверско/софтверски кодизајн при развој на наменски процесори.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојно учење, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 120 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Marilyn Wolf High-Performance Embedded Computing Elsevier 2014
2. Paolo Ienne, Rainer Leupers Customizable Embedded Processors: Design Technologies and Applications Elsevier 2007
3. F. Mayer-Lindenberg Dedicated Digital Processors: Methods in Hardware/Software Co-Design Wiley 2004
23.2.            Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Panos C. Lekkas  Network Processors: Architectures, Protocols and Platforms  McGraw Hill  2003