1. | Наслов на наставниот предмет | Законска и индустриска метрологија | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ03001 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 15-ММК, 17-РЕЕКС | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Марија Чундева-Блајер | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Стекнати знаења за развој и примена на регулатива во областа на метрологијата на национално и меѓународно ниво, и примена и развој на метролошките постапки во индустриски апликации. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Место, улога и области на примена на законската метрологија. Терминологија на законска метрологија. Меѓународна метрологија, организација, меѓународни системи на единици и еталони. Обезбедување единство на мерењата и споредливост на мерните резултати. Регулатива во метролошка контрола. Регулатива за мерните инструменти. Мерни стандарди, калибрација и верификација на уреди. Акредитација на метролошките лаборатории/телата за оцена на сообразност. Место, улога и развој на индустриска метрологија. Метролошка и инфраструктура на квалитет. Национален метролошки систем, примарни лаборатории, секундарни лаборатории, калибрациски и тест лаборатории. Прецизни мерења на електрични и неелектрични големини во индустриски апликации. Дисеминација на вредностите единиците мерки на физичките големини. Интелигентна индустриска метрологија. Управување со квалитет во мерењата и калибрациите. Интеркомпарации и испитување на мерната способност. Софтверска поддршка за индустриска метрологија. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
предавања, проекти, студии на случај |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 10 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 30 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) E | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум)C | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% успех од сите предиспитни активности | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Предадена комплетна проектна работа и усмена презентација на проектот | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
Број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | D. Placko (ed.) | Metrology in Industry: the key for quality | ISTE | 2006 | |||||||||
2. | Fluke Corporation | Calibration: Philosophy in “Practice” | Fluke Corporation | 1994 | |||||||||
3. | R. Malarić | Instrumentation and Measurement in Electrical Engineering | Brown Walkner Press, Boca Raton, Florida, USA | 2011 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
Број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | OIML | OIML документи и публикации http://www.oiml.org/publications | OIML | ||||||||||
2. | ISO | ISO документи и публикации http://www.iso.org/ | ISO | ||||||||||
3. | IEC | IEC документи и публикации http://www.iec.org/ | IEC |