Енергетски електронски елементи

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Енергетски електронски елементи
2. Код 4ФЕИТ05012
3. Студиска програма 18-ЕНЕЛ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Катерина Ралева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Главната цел на овој предмет е да го воведе студентот во поважните технологии на полупроводнички електронски елементи наменети за апликации во енергетската електроника.  По завршување на предметот, студентот ќе биде оспособен за: • ги разбира концептите и барањата поврзани со енергетските прекинувачки елементи, • има знаење за карактеристиките на новите материјали и елементи во енергетската електроника (SiC и GaN), • ја разбира физиката на енергетските електронски елементи • знае да избере и примени физички модели на енергетските електронски елементи при симулација на кола и системи од енергетска електроника • знае да дизајнира драјверски кола и заштитни кола за енергетските електронски елементи • ги разбира термичките карактеристики на енергетските електронски елементи и е способен да дизајнира ладилно тело за нив.

11. Содржина на програмата:

Трендови во развојот на енергетските електронски елементи. Споредба во дизајнот на енергетските електронски елементи и електронските елементи за мала моќност. Примена на материјали со голема широчина на забранетата зона (SiC и GaN) во технологијата на полупроводнички елементи.   Напречен пресек, принцип на работа, статички и динамички карактеристики и подрачја на безбедна работа на: -енергетски диоди во  Si, SiC и GaN технологија -енергетски биполарен транзистор, тиристор, енергетски мосфет во силициумска технологија, IGBT – SiC транзистор, GaN HEMT транзистор Драјверски и снабер кола. Термичка анализа. Моделирање и симулација на динамичките карактеристики на енергетските електронски елементи.

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење: предавања подржани со презентации и визуелизација на концептите, домашни задачи и проект.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 40 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 40 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит изработени домашни и проектни задачи
20. Начин на полагање на испитот писмено-тестови и усна презентација на завршен проект
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1.    Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. B. J. Baliga Fundamentals of Power Semiconductor Devices,

2nd  Ed

Springer International Publishing 2019
2. N. Mohan, T. Undeland, W. Robbins Power Electronics: Converters, Applications and Design,3rd Ed Wiley 2002
23.2.    Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. B. J. Baliga Advanced Power MOSFET Concepts Springer 2010
2. Alex Lidow, Michael de Rooij, Johan Strydom, David Reusch and John Glaser GaN Transistors for Efficient Power Conversion, 3rd Edition John Wiely and Sons Ltd. 2020