Електроенергетика (4-ЕЕ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 4-Електроенергетика (4-ЕЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски (технички факултети или сродни студиски програми од земјава и странство).

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика

Развојот на една земја е во непосредна корелација со равојот на електроенергет­скиот сектор. Компаниите кои работат во оваа област сé повеќе се соочуваат со динамична работна околина, големи технолошки промени и работа на комплексни проекти.

Основна цел на овааа студиска програма е да произведе високоедуциран стручен кадар кој ќе има проширени стручни познавања од електроенергетика, кој ќе биде во чекор со примената на современата ИКТ во електроенергетскиот сектор и ќе биде способен да ги следи и применува најновите достигнувања во светот од областа на електроенергетиката. Студиската програма Електроенергетика на студентите ќе им овозможи проширени теоретски знаење во базичните области на електроенергетиката (производство на електрична енергија, разводни постројки и електроенергетска опрема) кое ќе можат практично да го применат во решавањето на инженерските задачи и проблеми.

Студен­тите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за изработка на стратегии, анализи, студии и сложени проекти од областа на електро­енергетиката во новата пазарно-ориентирана околина, да вршат анализа на сложени процеси и оптимално водење на погонот на електричните централи, како и да проектираат електро­енергетски објекти и системи за нивно управување.

Исто така, студентите на оваа студиска програма ќе се стекнат со знаење и вештини за водење на сложени проекти во електро­енер­гетиката, примена на мерките за електро­без­бедност и заштита на електроенергетските постројки, како и знаење за тековното одржување и испиту­ва­ње на опремата во електроенергетските објекти. Студентите ќе бидат способни и за корис­тење на совре­мени софтверски алатки и новите информатичко-комуникациски технологии во областа на електроенергетиката.

Студиите ќе им овозможат на студентите и понатамошно сопствено неформално образование од областа на Електроенергетиката (преку курсеви, обуки и семинари), како и продолжување на своето формално образование на трет циклус на докторски студии.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ04013 Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки 6 3+3 180
4ФЕИТ04009 Планирање и развој на производните капацитети во ЕЕС 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
 
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
4ФЕИТ04003 Енергетика и околина 6 3+3 180
4ФЕИТ04004 Енергетски аспекти на ветерни електрични централи 6 3+3 180
4ФЕИТ04005 Енергетски одржлив развој 6 3+3 180
4ФЕИТ04007 Менаџмент на ризик во електроенергетиката 6 3+3 180
4ФЕИТ04008 Оптимална работа на изворите во ЕЕС 6 3+3 180
4ФЕИТ04011 Проектирање и градба на фотоволтаични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ04015 Проектна документација и проекти за обновливи извори на енергија 6 3+3 180
4ФЕИТ04017 Современи системи на релејна заштита 6 3+3 180
4ФЕИТ04018 Техноекономски аспекти на обновливите извори на енергија 6 3+3  180
4ФЕИТ04019 Управувачки системи во ЕЕ 6 3+3  180
4ФЕИТ04020 Хибридни енергетски системи и микромрежи 6 3+3 180

Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ04 Истражувачки проект од областа на електроенергетиката 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900