Студиска програма: 6-Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ) Траење: 1 година Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство. Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа автоматика, роботика и системско инженерство Целта на студиската програма е да му овозможи на студентот продлабочување и втемелување на теоретски и практични знаења од областа Автоматика, роботика и системско инженерство. Со тоа студентот ќе има поголема флексибилност во инженерската практика и многу широк избор на работни места во сите дисциплини од автоматиката, која има како инфраструктурно исто така и интердисциплинарно значење. Користејќи ги овие знаења, студентите ќе бидат оспособени за креативно мислење, самостојна и тимска работа и за донесување одлуки на сите нивоа на одлучување. Освен во подрачјата каде се среќава високо интегрирана автоматика, како енергетиката, металургијата, процесната индустрија, преработувачката индустрија, производната индустрија, сообраќајот, производството и обработката на храна, здравството и фармацијата, екологијата и други, со стекнатите компетенции магистрираните студенти имаат можност за работа и во интердисциплинарни подрачја, со што извонредно се раширува кругот на можни вработувања. Исто така, не помалку е важна можноста за работа и во развој, истражување и образование, како и можноста за надградување, доколку се определат за трет циклус на образование. Истовремено, целта на оваа студиска програма е да се образуваат кадри со професионални компетенции препознатливи во земјата, регионот, во Европската унија и пошироко во светот.
Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ01009
Напредни системи на управување
6
3+3
180
4ФЕИТ01012
Современи мехатронички системи
6
3+3
180
Изборен предмет 1
6
3+3
180
Изборен предмет 2
6
3+3
180
Изборен предмет 3
6
3+3
180
Вкупно
30
15+15
900
Изборни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ01001
Автоматизација на згради
6
3+3
180
4ФЕИТ01002
Автономни мобилни роботи
6
3+3
180
4ФЕИТ01003
Вештачка интелегенција
6
3+3
180
4ФЕИТ01004
Вмрежени системи за управување и управување во реално време
6
3+3
180
4ФЕИТ01005
Идентификација и естимација
6
3+3
180
4ФЕИТ01006
Интелигентно управување во современата роботика
6
3+3
180
4ФЕИТ01007
Компјутациона интелегенција
6
3+3
180
4ФЕИТ08007
Комплексни мрежи
6
3+3
180
4ФЕИТ01008
Напредни ПЛУ интегрирани системи и индустриски Интернет на нештата
6
3+3
180
4ФЕИТ01010
Оптимално и робустно управување
6
3+3
180
4ФЕИТ07012
Податочна наука и машинско учење
6
3+3
180
4ФЕИТ01011
Превклучувачки динамички системи
6
3+3
180
4ФЕИТ05035
Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи
6
3+3
180
4ФЕИТ02020
Специјални електрични машини и нивно управување
6
3+3
180
4ФЕИТ05001
3D машински вид
6
3+3
180
Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра
Предмет
Кредити
Фонд
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ06
Истражувачки проект од областа на автоматиката, роботиката и системското инженерство
6
0+6
180
4ФЕИТ00
Магистерски труд
24
720
Вкупно
30
880
Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)
КомпетенцииIII