Техники за недеструктивно тестирање

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Техники за недеструктивно тестирање

Код: 3ФЕИТ08032

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Маргарита Гиновска

Цели на предметната програма (компетенции): Цели на предметната програма (компетенции):  Студентот стекнува знаења за  методите и  техниките за недеструктивни тестирања (НДТ),  преку изучување на физичките својства  и појави кај материјалите и компонентите кои се користат  за детектирање на дефекти, корозија, протекувања и други несовршености  во перформансите на материјалите, производите или опремата. Студентот се оспособува за користење на  специјализирани техники за  НДТ во инженерската пракса, медицината  и др.

Содржина на предметната програма: Вовед во недеструктивното тестирање (НДТ) – својства и карактеризација на материјалите, модификација на својствата под надворешни влијанија.  Класификација на методите и техниките за НДТ. Оптички техники – оптичка микроскопија, интерферометриски методи.  Спектроскопски техники – импедансна и UV-vis спектроскопија. Визуелни техники за тестирање.  Елипсометрија. Тестирање со пенетрација на бои/течности. Ултразвучни и акустични техники за тестирање. Термографски техники. Радиографски техники – со користење на ЕМ и јонизирачки зрачења. Техники за контрола на квалитет и безбедност на квалитет со примена на НДТ. Примена на техниките за НДТ во инженерството, медицината, форензиката, и др.

Литература:

Дополнителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 C. Suryanarayana Experimental Techniques in Materials and Mechanics Taylor&Francis group 2011
2 Ravi Prakash, Dean Nondestructive Testing Techniques New Age Science 2009