ФЕИТ успешно ја реализира 30-тата меѓународна конференција IWSSIP 2023

Објавено: јули 24, 2023

Во периодот од 27-ми до 29-ти јуни 2023 година во античкиот град Охрид, успешно се реализира 30-тата јубилејна меѓународната конференција за системи, сигнали и обработка на слики (International Conference on Systems, Signals and Image Processing – IWSSIP) 2023. Конференциојата беше организирана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и технички ко-спонзорирана од ИЕЕЕ и Македонската секција на ИЕЕЕ. Оваа реномирана конференција беше организирана претходно во 13 различни држави, и за првпат се организира во С. Македонија.

На оваа конференција земаа учество 254 автори од 26 држави од 5 континенти, преку презентација на 74 научни трудови од најактуелните области од обработка на биомедицински сигнали, процесирање на говор, аудио, слика и видео, телекомуникациски мрежи, безжични телекомуникации, мултимедиа, машинско учење, електроенергетика, сигурност, и специјална сесија за радари и далечинско насетување.

Воедно, на IWSSIP учествуваа и три реномирани научници со пленарни предавања од нивните потесни специјалности, и тоа:
Професор Jaap van de Beek од Lulea University of Technology, Шведска, со предавање: Meta Surfaces for Cellular Networks: From Idea To Impact

Професор Ioannis Pitas од Aristotle University of Thessaloniki, Грција, со предавање: Big Data Analytics for Natural Disaster Management

Професор Zabih Ghassemlooy од Northumbria University, Англија, со предавање: Optical Wireless Communication at a Glance

На годинешниов IWSSIP имаше 16 технички сесии (од кои две беа онлајн). Од прифатени 74 трудови, презентирани беа 73 трудови. На конференцијата учествуваа регистрирани 82 учесници, на сесиите беа присутни просечно над 30 посетители, а на пленарните предавања над 50 учесници.

Конференцијата изобилуваше и со многу општествени настани, посета на градот Охрид со брод и туристичка тура на историските знаменитости со водич, свечена вечера, и низа други собири, каде што се вмрежија голем број научни умови од земјава и странство со планови за идна професионална соработка.

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се покажа како одличен организатор на уште една успешна меѓународна конференција.