ФЕИТ е учесник во новиот меѓународен проект „Унапредување на користењето на радијациони технологии за подобрена ефикасност на ресурсите“

Објавено: мај 16, 2024

ФЕИТ е учесник во новиот меѓународен проект „Унапредување на користењето на радијациони технологии за подобрена ефикасност на ресурсите“, финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија. 

На првиот координативен состанок што се одржа во Институт за нуклеарна хемија и технологија во Варшава учествуваше националниот координатор проф. д-р Христина Спасевска, заедно со научници и експерти од Албанија, Грција, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грузија, Унгарија, Казахстан, Македонија, Португалија, Молдавија, Романија, Руска Федерација, Србија, Словачка, Турција, Украина и Узбекистан, кои во наредните четири години ќе работат на зајакнување на соработката за радијационите технологии.

Главни цели на проектот се користење на јонизирачкото зрачење за:

  • рециклирање на пластика и намалување на пластичниот отпад, преку подобрување на методите за рециклирање и имплементацијата на нови постројки со забрзани електрони,
  • примена на зелени технологии при идентификување и карактеризирање на загадувачите, но и споредба на конвенционалните методи со користењето на јонизирачко зрачење,
  • воспоставување на нови стандарди за квалитет, т.е. методи на калибрација, следливост во дозиметријата на големи дози, интеркомпарации на дозиметриски мерњења и системите за управување со квалитет.