Студентски проект „Што дишеме?“

Објавено: февруари 3, 2025

Студентскиот тим на Проектот ја претстави својата работа и резултати на крајот од едногодишниот периот. Презентацијата се одржа во ИНОФЕИТ пред гости од училиштата партнери во проектот, Деканатот на ФЕИТ, претседателот на IEEE секцијата на Северна Македонија, наставници, соработници и студенти на ФЕИТ, како и гостин од компанијата Контрон МК.

Една од целите на Проектот беше да се поттикнат учениците да обрнат внимание на проблемот со загадувањето на воздухот преку прикажување на дисплеј на нивото на ПМ честички околу нивните училишта и покана да учествуваат во прашалникот „Што знаеме за ПМ честичките?“ преку Google Forms. Интересен податок од презентацијата „во живо“ од Google Forms беше дека скоро 600 ученици во школите зеле учество во прашалникот откако беа поставени уредите изработени од тимот.

На крајот Деканот им додели Благодарници на студентите членови на тимот за нивниот придонес во Инженерски проект од полза на Заедницата`. (Дел од членовите се веќе вработени и не можеа да присуствуваат на оваа малата церемонија.)

Проф. Ќосев најави дека постои уште многу работа што може да се сработи за Проектот и се надева дека тој ќе продолжи со следната генерација студенти.

Сл. 1 Одѕив на учениците во прашалникот „Што знаеме за ПМ честичките?“

Сл. 2 Дел од тимот на Презентацијата

Сл. 3 Деканот доделува Благодарници

Сл. 4 Заедничка фотографија од присутните на Презентацијата