Одржана работилница „Слободен софтвер за научна и инженерска работа“ ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: март 4, 2025

Работилницата „Слободен софтвер за научна и инженерска работа“ беше организирана во петок, 21. 2. 2025 во ФЕИТ ФабЛаб во рамки на активностите по предметите Дигитално процесирање на аудио и Биомедицинска електроника. Студентите присутни на работилницата имаа можност да се запознаат со основите на слободниот софтвер и можностите за процесирање на звучни и биомедицински сигнали. Дополнително, беа претставени основите за работа во командна линија во ГНУ/Линукс оперативните системи.

Предавањето е поддржано од ФЕИТ ФабЛаб и македонската секција на ИЕЕЕ преку нејзините оддели: здружениот оддел за процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP/EMB), здружениот оддел за електронски компоненти, инструментација и мерења, полупроводнички кола (ED/IM/SSC), студентските оддели (SC37 и ED15), како и афинитетната група на доживотни членови на ИЕЕЕ, (LM80077).