По повод 10. ноември – Светски ден на науката за мир и развој од Обединетите нации – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), ги додели наградите за најдобри научници и уметник за 2024 година.
Со особена чест и голема гордост објавуваме дека нашиот колега Христијан Ѓорески од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е прогласен за најдобар научник во подрачјето на техничко-технолошките науки за 2024 година.
Наградата му е доделена за врвни резултати во науката: значајни меѓународни публикации, иновативни истражувачки проекти и активно учество во развојот на академската заедница. Овие достигнувања ја потврдуваат нашата заложба за одржување и унапредување на високите стандарди во ФЕИТ. Со оваа награда, Христијан ја афирмира не само сопствената истражувачка кариера, туку и вредноста на ФЕИТ и на УКИМ како центар на техничко-технолошките науки.




