Одржана работилница за POWER-to-X технологии

Објавено: јануари 14, 2026

На Факултетот за електротехника и информациски технологии успешно беше реализирана практична работилница со Horizon Energy Box, наменета за студентите од четврта година.

Работилницата беше организирана во рамки на билатералниот проект „Можности за имплементација на Power-to-X (PtX) технологиите во процесот на енергетската транзиција“, со цел унапредување на практичните знаења и вештини на студентите во областа на современите енергетски технологии. Кратенката PtX се однесува на технологии за конверзија на електрична енергија во други енергетски носители или производи (водород, синтетички горива, топлина и хемикалии). На работилницата, студентите имаа можност да се запознаат со:

  • концептите и примената на Power-to-X (PtX) технологиите,
  • производството и употребата на водород како енергенс,
  • моделирање на едноставни енергетски системи и микро-апликации,
  • изведување на експерименти со опремата Horizon Energy Box.

Работилницата придонесе кон подобро поврзување на теоретските знаења со практичната примена и поттикнување на интересот за идните технологии во енергетиката.

Во прилог се и неколку фотографии од настанот.