Во периодот од 20 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.
На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 30 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории.
Во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство, медалите ги освоија:
Златен медал:
– Ѓорѓи Ристов, СЕУГС “Михајло Пупин”, Скопјe
– Благоја Николов, СОУ “Јане Сандански”, Струмица
– Гордана Клинчарова, СОУГ “Добри Даскалов”, Кавадарци
Сребрен медал:
– Марко Гавриловски, МИГ, Скопје
– Андреа Боризовска, СУГСГ “Орце Николов”, Скопје
– Михаил Митевски, СУГСГ “Јосип Броз Тито”, Скопје
Бронзен медал:
– Ѓорѓи Костадинов, СОУГ “Добри Даскалов”, Кавадарци
– Филип Величковски, СЕУГС “Михајло Пупин”, Скопје
– Кети Јоноска, ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”, Охрид
Во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника, медалите ги освоија:
Златен медал:
– Трајче Трајковски, СУГСГ “Раде Јовчевски Корчагин”, Скопје
– Лун Иванов, Гимназија “Бора Станковиќ”, Ниш
– Данил Стојановски, СОСУ “Илинден”, Скопје
Сребрен медал:
– Ана Христовска, СУГС ”Георги Димитров”, Скопје
– Сања Филиповиќ, СОУГ “Кирил Пејчиновиќ”, Тетово
– Лина Чашитовска, СОУГ “Јосип Броз Тито”, Битола
Бронзен медал:
– Кристијан Ристески, МИГ, Скопје
– Амар Марукиќ, СЕУГС “Михајло Пупин”, Скопје
– Стефан Антиќ, МИГ, Скопје
Освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, и тоа:
– „Мобилна електроника“ од проф. д-р Катерина Ралева и проф. д-р Томислав Карталов;
– „Роботиката и вештачката интелигенција“ од доц. д-р Горјан Наџински;
– „Реализација на миоелектрична роботска протеза за рака“ од м-р Благој Христов.
Настанот помина во одлична атмосфера на дружење и натпреварување. Учесниците си заминаа побогати со нови знаења, интереси и пријателства, а ФЕИТ и IEEE се обврзаа да ја продолжат оваа убава традиција, редовно и збогатено во иднина.








