Во рамките на програмата за поддршка на студентите од техничките области, ЕВН Македонија го отвори повикот за пријавување за стипендии за талентирани студенти. Програмата има за цел да ги поддржи студентите во нивниот академски и професионален развој, обезбедувајќи им финансиска поддршка и можност за поблиско запознавање со работата и вредностите на компанијата. Повикот е отворен за студенти од техничките факултети во земјава, вклучувајќи го и ФЕИТ. Повеќе информации за начинот на пријавување можат да се најдат на следната врска:линк за аплицирање.


