Запишувањето на примените кандидати во прв уписен рок на втор циклус студии во учебната 2026/2027 година ќе се врши на 21.10 и 22.10.2026 година од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:
- Индекс (пополнет),
- Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
- Статистички образец (ВОИ.80А) – се пополнува од е-услуги,
- Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
- Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
Приходна шифра: 723012, програма 41
Цел на дознака: школарина за упис на летен сместар 2023/2024
-плата од 100,00 ден. за трошоци за запишување и заверување на семестар
со назнака: запишување и заверка на семестар.
Депонент (Банка): НБРМ
Трезорска сметка: 100000000063095
Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Повикување на број: 723019, програма 41
Одделение за студентски прашања

