Лабораторија за компјутерски технологии и инженерство

Почетоците на Лабораторијата за компјутерски технологии и инженерство, датираат од почетоците на формирањето на Институтот како Лабораторија за компјутерска техника и информатика. Подоцна со окрупнувањето на Институтот, лабораториските активности од областите на КТИ се пренесуваат во Факултетскиот центар за обработка на податоци (ФЛАОП). Сепак, заради специфичностите на областите кои се негуваат на Институтот за КТИ и развојот во последните години, од 2019. година започнува да функционира нова и специјализирана лабораторија за наставна, научно – истражувачка и апликативна дејност.

Во лабораторијата за КТИ се изведуваат лабораториски вежби од областите на компјутерските мрежи, Интернет на нешта, компјутерска и мрежна безбедност, дизајн на хардвер, работа со вградливи системи, современи процесорски архитектури, кластер системи, системи за работа во облак, машинско учење, алгоритми за обработка на големи податоци и сл.. Знаењата добиени на овој начин кај студентите се применуваат во изработка на практични проекти во текот на студирањето. Освен за додипломските студии, Лабораторијата на КТИ овозможува да се изведуваат најразлични симулации, тестирања, испитувања и обработки на системи и големи количини податоци во рамките на магистерските и докторските студии на Институтот за КТИ.

Лабораторија КТИ

Лаборатoриски вежби во Лабораторија КТИ

Во однос на хардверската опрема, Лабораторијата на КТИ располага со: 10 работни станици управувани од соодветен сервер и софтвер, комплетна хардверска опрема за работа со компјутерски мрежи: 10 упатувачи (рутери), 10 преклопници (switch уреди), 2 уравувани преклопници (switch уреди); 2 Virtex-7 VC709 FPGA развојни плочи, 2 Virtex-5 ML505 FPGA развојни плочи, 14 комплети RaspberryPi системи за работа со вградливи системи, неколку Arduino системи, компјутерски систем со Nvidia Titan XP графичка картица за обработка на големи количини податоци, вештачка интелигенција, машинско и длабоко учење.

Сервер и графичка Nvidia Titan XP

 

Сервер Fujitsu, работни станици, мрежна опрема Allied Telesis

 

Мрежна опрема Allied Telesis

RaspberryPi системи
Графичка картичка Nvidia Titan XP
Virtex-7 VC709 FPGA развојна плоча
Virtex-5 ML505 FPGA развојна плоча
Лабораторија КТИ – опрема