Мерења во електротехника

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Мерења во електротехника

2.    Код

3ФЕИТ03З005

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3, IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Марија Чундева-Блајер, Д-р Живко Коколански

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на знаења од мерните методи кои се применуваат во мерењата на електричните величини. Запознавање со принципите на функционирање, примена и користење на мерните инструменти.

11.    Содржина на програмата: Основни поими и дефиниции во мерната техника. Законска метрологија. Статички и динамички карактеристики и блок-структури на мерните уреди. Теорија на мерна неодреденост, мерна неодреденост од тип А и мерна неодреденост од тип Б.  Гаусова и Студентова распределба на повеќекратно повторени мерења. Мерни преобразувачи на електрични во електрични величини, преобразувачи на наизменични во еднонасочни сигнали, мерни засилувачи. Аналогни мерни инструменти, волтметар, амперметар, омметар и ватметар. Општи поими за дигитални мерни инструменти, структурни елементи, мерење временски интервал и фреквенција. Дигитални волтметри. Мерење со осцилоскоп. Мерни мостови за еднонасочна и наизменична струја. Компензатори за еднонасона и наизменична струја. Вовед во електрични мерења на неелектрични величини. Вовед во далечински мерења и мерни системи.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 59 бодови

5 (пет) (F)

од 60 до 69 бодови

6 (шест) (E)

од 70 до 79 бодови

7 (седум) (D)

од 80 до 89 бодови

8 (осум) (C)

од 90 до 99 бодови

9 (девет) (B)

од 100 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ц. Гавровски Основи на мерна техника ФЕИТ – Скопје 2011

2

В. Димчев, М. Чундева Блајер, Ж. Коколански, М. Србиновска Збирка решени задачи по мерења во електротехника ФЕИТ, Скопје 2016

3

Група автори Практикум за лабораториски вежби ФЕИТ, Интерна скрипта 2016

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

С. Тумански Принципи на електрични мерења Тејлор и Френсис 2006

2

Р. Малариќ Инструментација и мерења во електротехника Браун и Валкер прес 2011