1. Наслов на наставниот предмет |
Електроника 1 | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05З019 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/3 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Љупчо Караџинов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите на работа на електронските елементи. Запознавање со принципите на работа на линеарните електронските склопови.Оспособување на кандидатот за следење и решавање на проблемите во електрониката, компјутерското инженерство, автоматиката и телекомуникациите со помош на реални електронски кола. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Основни поими. Засилувачи: основни параметри, видови, идеални засилувачи. Операциски засилувач: симбол; модел; основни примени на операциски засилувач во линеарен режим на работа. Идеална диода: модел, основни примени. Реална диода: i-v карактеристика, карактеристики на директна и инверзна поларизација, примена. Подрачје на пробив и Зенер диоди. Методи за анализа на кола со диоди: аналитичка, графичка, итеративна. Сегментно-линеарни модели. Модел за мали сигнали. Ограничувачи на напон. Насочувачи: полубранов, целобранов и мостен насочувач. Насочувачи со капацитивен филтер, фактор на брановитост, каскаден умножувач на напон. Полупроводници, ПН спој, капацитивности на пн-спој. Биполарен транзистор: структура, Еберс-Моллов модел, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. МОСФЕТ: NMOS и PMOS со индуциран и вграден канал, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. Засилувачи со транзистори и MOSFET-и: графичка анализа, модел за мали сигнали, алгоритам за анализа на засилувачи. Фреквенциска зависност на засилувањето на засилувачот. |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
90 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
40 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
40 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изведени и колоквирани лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Адел Седра и Кенет Смит | Микроелектронски кола, 5-то издание | Аламина прес, Скопје | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
M. Камиловски | Електроника1, електронски елементи | УКИМ | 2011 | ||||
2 |
M. Камиловски | Електроника 2 | ФЕИТ | 2002 |