Нумерички методи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Нумерички методи

2.    Код

3ФЕИТ08Л012

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

3.00

8.    Наставник

Д-р Анета Бучковска,  Д-р Билјана Начевска-Настовска

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Математика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Да се усвојат основните поими од нумеричката математика со посебен осврт на нумеричките методи  и нивна примена во решавање на нелинеарни равенки, линеарни и нелинеарни системи, проблеми за апроксимација и интерполација на функции, приближно диференцирање и интегрирање како и во нумеричко решавање на диференцијални равенки.

11.    Содржина на програмата: Теорија на грешки. Нумеричко решавање на нелинеарни равенки. Итеративни постапки и методи. Нумеричко решавање на линеарни и нелинеарни системи. Итеративни методи. Апроксимација, интерполација, интерполација со сплајнови и фитување со криви. Метод на најмали квадрати. Нумеричко диференцирање и интегрирање. Нумеричко решавање на  диференцијални равенки.

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, лабораториски  вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 0 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

90

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

15

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

30

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

изработени лабораториски вежби

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити, со времетраење од најмногу 90 минути,на средина и на крајот на семестарот, тестови и проектна задача која треба да се предаде пред завршување на семестарот. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестовите, може да се спроведе завршен устен испит во траење од максимум 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите, проектната задача и завршниот устен испит.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит со времетраење од максимум 135 минути. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит и завршниот устен испит.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Mathews, K. Fink Numerical Methods using MatLab Prentice Hall 1999

2

Steven C. Chapra, Raymond P. Canale Numerical Methods for Engineers Mc Graw Hill, New York 2006