Размена на студенти и заедничка интернационална програма за едукација на странски студенти ќе понудат Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и СРХ Берлин, Универзитет за применети науки (SRH Berlin). Ова е предвидено со, денес, потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Dual Study програмата на англиски јазик ќе биде наменета за студенти на додипломски и магистерски студии. На овој начин, ФЕИТ ќе ја интернационализира својата студиска програма и ќе обезбеди дополнителни финансиски приливи.
Исто така, овие образовни институции ќе работат на заеднички проект на ДААД (германска фондација за академска размена), „Дијалог на високо образовни институции со земјите од Западен Балкан“, кој ќе се реализира во 2020 година и е финансиран од Министерството за надворешни работи на СР Германија.
Според професор д-р Горан Рафајловски, ова е ќе значи усогласување на студиски програми, интернационализација на образовните процеси во земјава и поддршка на идни научни истражувања.