Аналоген дизајн

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Аналоген дизајн

2.    Код

3ФЕИТ05З003

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јосиф Ќосев

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.   Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните структури на аналогните интегрирани електронски кола и системи, принципите на работа и нивните основни карактеристики, нивната примена, како и методите за нивна анализа и експериментално испитување.  Оспособување за проектирање и користење на аналогните интегрирани електронски кола при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството.

11.   Содржина на програмата: Основни блокови кај интегрираните засилувачи: споеви со активен товар, струјни огледала, каскодни засилувачи, диференцијални засилувачи, излени степени. Структура на операциски засилувачи (ОЗ); Еднонасочен режим и поларизација на операциски засилувач, ОЗ во режим на мали сигнали; Карактеристики на реален ОЗ; Примери на ОЗ со биполарни и униполарни транзистори. Фреквенциски карактеристики на засилувачите; Стабилност при работа со негативна повратна врска, компензација; Примена на ОЗ (компаратори, преобразувачи, логаритамски засилувач, антило¬гари¬тамски засилувач). Активни филтри. Структури со SCC. Нелинеарни аналогни кола, Ааналогни множачи, PLL, А/Д и Д/А со ОЗ, напонски регулатори. Шумови во интегрираните засилувачи.

12.   Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојно решавање домашни задачи, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

15

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

65

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Успешно реализирани лабораториски вежби

20.   Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.   Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gray et al. Analysis and Design of analog integrated circuits Wiley 2009

2

Serda/Smith Microelectronic Sircuits Oxford University Press 2009

3

Razavi Design of analog CMOS integrated circuits McGraw-Hill 2001

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Седра/Смит Микроелектронски кола (5-то издание Влада на РМ 2010

2

Г. Арсов Интегрирани склопови http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk 2006