| 
 1. Наслов на наставниот предмет  | 
Енергетска електроника | |||||||
| 
 2. Код  | 
3ФЕИТ05З022 | |||||||
| 
 3. Студиска програма  | 
КХИЕ | |||||||
| 
 4. Организатор на студиската програма  | 
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 
 5. Степен  | 
Прв циклус студии | |||||||
| 
 6. Академска година/семестар  | 
III/5 | 
 7. Број на ЕКТС  | 
6.00 | |||||
| 
 8. Наставник  | 
Д-р Љупчо Караџинов | |||||||
| 
 9. Предуслов за запишување на предметот  | 
||||||||
| 
 10. Цели на предметната програма (компетенции): – Запознавање со основните компоненти во енергетската електроника и основните структури на енергетските електронски кола, принципите на работа и карактеристиките на разни видови електронски преобразувачи на електрична енергија (насочувачи, инвертори, еднонасочни преобразувачи и наизменични преобразувачи), како и методите на нивната анализа и испитување. – Оспособување за користење на основните електронски енергетски преобразувачи при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството, како и за успешно следење на наставата од предметите прекинувачки извори за напојување и проектирање енергетски конвертори.  | 
||||||||
| 
 11. Содржина на програмата: Увод. Енергетски електронски елементи – електронски вентили: основни поими и основни карактеристики. Неуправувани насочувачи – (диодни кола). Мрежно-управувани насочувачи и инвертори. Автономни инвертори. Преобразувачи на еднонасочна енергија во еднонасочна. Статички прекинувачи. Преобразувачи на наизменична енергија во наизменична – регулатори на напон, преобразувачи на фреквенција. Заштита на компонентите и колата во енергетската електроника.  | 
||||||||
| 
 12. Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).  | 
||||||||
| 
 13. Вкупен расположив фонд на часови  | 
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 
 14. Распределба на расположивото време  | 
180 | |||||||
| 
 15. Форми на наставните активности  | 
 15.1. Предавања – теоретска настава  | 
 45  | 
||||||
| 
 15.2. Вежби, семинари, тимска работа  | 
 30  | 
|||||||
| 
 16. Други форми на активност  | 
 16.1. Проектни задачи  | 
 0  | 
||||||
| 
 16.2. Самостојни задачи  | 
 15  | 
|||||||
| 
 16.3. Домашно учење  | 
 90  | 
|||||||
| 
 17. Начини на оценување  | 
 17.1. Тестови  | 
 40  | 
||||||
| 
 17.2. Семинарска работа/проект  | 
 10  | 
|||||||
| 
 17.3. Активност и учење  | 
 10  | 
|||||||
| 
 17.4. Завршен испит  | 
 40  | 
|||||||
| 
 18. Критериуми за оценување  | 
 до 50 бодови  | 
 5 (пет) (F)  | 
||||||
| 
 од 51 до 60 бодови  | 
 6 (шест) (E)  | 
|||||||
| 
 од 61 до 70 бодови  | 
 7 (седум) (D)  | 
|||||||
| 
 од 71 до 80 бодови  | 
 8 (осум) (C)  | 
|||||||
| 
 од 81 до 90 бодови  | 
 9 (девет) (B)  | 
|||||||
| 
 од 91 до 100 бодови  | 
 10 (десет) (A)  | 
|||||||
| 
 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит  | 
Изведени и колоквирани лабораториски вежби | |||||||
| 
 20. Начин на полагање на испитот  | 
Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред  | 
|||||||
| 
 21. Јазик на кој се изведува наставата  | 
Македонски и Англиски | |||||||
| 
 22. Метод на следење на квалитетот на наставата  | 
анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација | |||||||
| 
 23. Литература  | 
||||||||
| 
 23.1. Задолжителна литература  | 
||||||||
| 
 Бр.  | 
 Автор  | 
 Наслов  | 
 Издавач  | 
 Година  | 
||||
| 
 1  | 
Гоце Арсов | Основни кола во енергетската електроника | ФЕИТ – интерна скрипта | 2000 | ||||
| 
 2  | 
Mohan, Undeland, Robbins | Power Electronics – converters, applications and design | Wiley | 2002 | ||||
| 
 23.2. Дополнителна литература  | 
||||||||
| 
 Бр.  | 
 Автор  | 
 Наслов  | 
 Издавач  | 
 Година  | 
||||
| 
 1  | 
Rashid M. H | Power Electronics: circuits, devices and applications | Prentice Hall | 2003 | ||||
| 
 2  | 
Rashid M. H | Power Electronics Handbook | Academic Press | 2001 | ||||
| 
 3  | 
Erickson, Maksimovic | Fundamentals of Power Electronics | Kulver Academic | 2004 | ||||
			
