Здружението за енергетска електроника, погони и управување во својата програма меѓу останатото има зацртано и поддршка и стимулација на креативниот дух кај идните млади инженери по електротехника и информациски технологии.
Во таа насока Здружението за енергетска електроника, погони и управување МАК-ЗЕЕПУ распишува конкурс за најдобар дипломски труд за студентите кои дипломирале на студиските програми ЕАОИЕ, КСИАР и КХИЕ во периодот од 1. јуни 2019 до 1. мај 2020 година. Основен критериум за пријавуање на конкурсот е дипломскиот труд во себе да содржи практична реализација на уред или систем кој што е целосно функционален. При конкурирањето студентот треба да пополни пријава која ја има во прилог на оваа страна и заедно со електронската верзија на дипомскиот труд да ги достави, по електронски пат, на следната адреса: mak-zeepu@feit.ukim.edu.mk.
Наградата се состои од парични средства кои на добитникот ќе му бидат доделени од страна на претставник на Здружението на промоцијата на дипломираните студенти и магистранти на ФЕИТ која се одржува во месец јуни секоја година.