ИНОФЕИТ и УСС објавуваат дека рокот за поднесување апликации за студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE 2020 е продолжен до 10ти јули 2020. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап кои обезбедуваат зголемена амбиентална интелигенција за различни апликации.
Во следниот период ќе биде организиран и втор вебинар (терминот дополнилтено ќе се потврди) за меѓусебно запознавање на студентите и размена на идеи, а со цел стимулирање на интердисциплинарната соработка.
За дополнителни информации, сите заинтересирани можат да се обратат на innofeit@feit.ukim.edu.mk.