Во време на масовна дигитализација на голем број услуги кои ги нудат државните установи и компаниите и сé помасовна примена на ИКТ, неопходно е познавање барем на основите од безбедноста на ИКТ од страна на сите корисници и што пошироко запознавање на јавност со предизвиците на сајбер-безбедноста.
За таа цел, потребно е развивање на вештини од областа на сајбер-безбедноста, односно безбедноста на ИКТ, и тоа на повеќе нивоа: од најниско ниво, наменето за широката јавност, па сé до специфични и специјализирани вештини наменети за професионалци кои работат во областа на сајбер-безбедност.
Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-367: Security Fundamentals во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој може да се полага во некој од овластените Центри за полагање во Р.С. Македонија.
https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
1. Безбедност на оперативен систем
Автентификација на корисници и нивни привилегии. Политики за лозинки. Политики за ревизија. Енкрипција на податоци. Злонамерен софтвер (Malware) |
4 часа | Ден 1 |
2. Нивоа на безбедност
Основни принципи на сигурноста. Физичка безбедност. Безбедност на интернет. Безбедност на безжични системи. |
4 часа | Ден 2 |
3. Мрежна сигурност
Заштитни ѕидови (firewalls). Заштита на мрежи. Безбедност на протоколи и типови на напади. |
4 часа | Ден 3 |
4. Безбедносен софтвер
Заштита на клиенти. Заштита на сервери. Заштита на електронска пошта. |
4 часа | Ден 4 |
5. Самостојна работа и проверка на знаењето | 4 часа | Ден 5 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во првите 4 дена се предвидени по 4 часа за секоја од предвидените четири теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот, петтиот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.
Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите на безбедноста на информациско-комуникациските технологии. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа на безбедноста во ИКТ.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.
(**) Обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-367: Security Fundamentals од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација. Полагање за оваа сертификација не е вклучено во цената.