Вградливите микрокомпјутерски системи денес се составен дел на скоро секој уред. Само во еден автомобил може да има повеќе од педесетина вградени микрокомпјутери. Домашните апарати, аудио и видео опремата, алармните системи, телекомуникациската опрема, мерните инструменти,… се само неколку примери на уреди кои во себе содржат вградени микрокомпјутери
Со стекнатите вештини младите лица ќе можат да добијат подлабоко разбирање на функционирањето на уредите што се користат во практиката и со тоа да остварат предност при вработувањето на места каде што се бара користење на одредени уреди.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Времетраење 20 часа (5х4)
Програма за обука
Теоретска подготовка:
- Вовед во вградливи микрокомпјутерски системи (ВМС), Развојна околина, Електронска околина кај ВМС (U, I, R, C, L, D, Q, M …) и лабораториски инструменти
- Дигитални кодови (ASCII), Сериска комуникација, Ултразвук и мерења со ултразвук
- Логички кола и дисплеи (BCD декодер), Физички карактеристики и ограничувања кај колата
- Аналоген свет и аналогни електронски кола, А/Д конверзија и дигитализација на сигнал
- Импусно-ширинска модулација (ИШМ), Примена кај еднонасочни мотори
Практични вештини:
– инсталирање развојна околина, LED и копче, дебаунсинг, потсетување за С, функција за доцнење, примена на мултиметар и осцилоскоп
– сериски терминал, код за ултразвучен сензор, варијации на кодот, дебагирање
– библиотеки, LED дисплеј, LCD дисплеј
– А/Д конвертор кај Ардуино, NTC сензор, LDR сензор, микрофон со засилувач и аквизиција на аудио сигнал
– Тајмери кај Ардуино и ИШМ, примена кај LED, примена кај DC мотор, “talkie” библиотека за аудио излез
Теоретска подготовка 6 часа, практични вештини 12 часа, проверки 2 часа
(+ Самостојна работа и домашни задачи 10 часа)
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Тек на наставата и тестирање:
Ден1: (2часа + 2часа) + 2 часа домашна задача
|
Ден2: (1час + 3часа) + 2 часа домашна задача
|
Ден3: (1час + 3часа) + 2 часа домашна задача
|
Ден4: (1часа + 3часа) + 2 часа домашна задача
|
Ден5: (1час + 1час + 2часа)
преку презентација на домашни задачи и одговарање на прашања (+ 2 часа евентуални корекции на негативни резултати) |
Дополнителни податоци:
Сертификат:
Завршен курс по „Основи на вградливи системи со Ардуино“
Литература:
– приготвени електронски фолии
Дополнителна литература:
https://archive.org/details/pdfy–LpbPxUly33g2cjN/mode/2up
http://www.pattayatech.ac.th/files/1305292020243060_16052412120958.pdf
Организатор: Институт за електроника
Локација: Лабораторијата за електроника (со можност и далечински)
Максимален број: 10 посетители (минимален 6)
Секој кандидат добива материјали за следење и изведување на курсот.